| четврток, 6 декември 2018 |

Приведени Албанки и Србинки во кумановско

prostitute3Четири албански и две српски државјанки се приведени од страна на кумановската полиција ноќта во контролата во објекти во околината на градот, која беше спроведена ноќеска.

Контролата била спроведена во угостителскиот објект „Алби Леди“ во с.Ваксинце-кумановско и во еден нерегистриран угостителски објект во с.Черкези – кумановско.

Од страна на СВР Куманово во тек се мерки за расчистување на случајот.

Истовремено МВР соопшти дека на граничниот премин „Богородица“ во  четири вагони од товарен воз,  биле откриени  тројца  странски државјани од Брегот на Слоновата Коска, кои по извршениот разговор  се депортирани на грчката полиција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top