Македонски емигрант од завчера наутро е пријавен како исчезнато лице во Австралија
По 28-годишниот Николче Велјановски се трага во областа Бенкстоун во Сиднеј, пренесува австралиски „Дејли телеграф“.
Тој последен пат бил виден на локацијата Алума, Јагуна, а неговиот автомобил бил пронајден во близина на Кралскиот национален парк. Австралиската полиција веќе објави и телефонски број на кој ги повика граѓаните да се јават ако имаат каква било информација.
Младиот Велјановски е опишан со кавкаски изглед, со црвена коса и сини очи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.