– Ја држеше главата со раце и повторуваше дека убил тројца луѓе. Имаше повреди по целото тело, но како да не беше свесен за болката, туку само се нишаше и повторуваше дека убил луѓе – вака ја почнува својата исповед за „Блиц“, татко на возачот Деспот, кој со „ауди“ налета на „голф“, во кој загинаа Милица Лежимирац, Владица Матовиќ и Александар Мариќ. Таткото го пронашол синот во Ургентниот центар.
– Ми беше зелено светло на семафорот и во последен момент здогледав нешто црно и тогаш почувствував силен удар – му рекол Деспот на татко си признавајќи му дека мислел оти вози со 100 километри на час и дека таа вечер пиел.
Таткото навел дека Деспот во саботата бил во Ириг кај дедо му, каде што почнала тепачка, во која еден негов пријател, инаку сопственик на „аудито“, бил тешкоповреден. Повредениот го возела Итна помош за Нови Сад, а Деспот седнал во неговиот автомобил и тргнал по нив. Меѓутоа, по симнувањето од Мостот на слобода, се случила трагедијата која на сите им го изменила животот.
– Најстрашно од сѐ е што тие деца загинаа, а нашиот син треба да одговара. Немаме зборови да ја изразиме тагата и сочувството – вели мајката Светлана, напоменувајќи дека таа и сопругот секојдневно мислат на семејствата на починатите.
Семејството Враниќ го погодиле информациите и претпоставките дека Деспот е размазен татин син, кој дивее по улиците со скап автомобил
– Живееме од она што мојата сопруга ќе го заработи во фризерскиот салон. Имаме еден автомобил стар 15 години, станот го отплаќаме на кредит. „Ауди“ не би можеле да си дозволиме. Просечно семејство сме кое составува крај со крај – вели Небојша Враниќ.
Таткото наведува дека многумина по несреќата измислувале дека е сопстевник на бензински станици, дека има градежна фирма, како и дека ја држи полицијата во раце. Вистината е дека неодамна ја загубил работата на бензинска станица.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.