Семејствата на патниците од исчезнатиот патнички авион почнаа да добиваат иницијален надомест од по 50.000 долари.
Досега парите ги добиле шест семејства од Малезија и едно од Кина, а осигурителните куќи ги разгледуваат барањата на уште 40 кинески семејства.
Роднините на сите 239 исчезнати лица може да побараат поединечен надомест во износ од 175.000 долари, пренесе „Би-Би-Си“.
Авионот на летот „MH370“ исчезна на 8 март во текот на патувањето од Каула Лумпур кон Пекинг, а досега не е пронајдена никаква трага од леталото.
Заменикот на малезискиот министер за надворешни работи Хамза Заинудин, нагласил дека владата сè уште не прогласила дека авионот е загубен.
Надоместот го исплаќа конзорциумот на осигурителни куќи на чело со германската компанија „Алијанс“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



