| четврток, 6 декември 2018 |

Роман Лелјак: Акциите на УДБА против Македонците ги одобруваше вашиот ЦК

roman leljak

Зад ликвидацијата на припадниците на македонската, хрватската и на српската политичка емиграција во периодот на поранешна Југославија стои посебна „Група А“ формирана од страна на УДБА, која имала тајни овластувања да врши убиства, киднапирања и следења. Нејзиното седиште било во Љубљана, Словенија, и дејствувала во периодот од 1969 година до почетокот на распадот на Југославија во 1989 година. Припадниците на оваа тајна група го киднапирале и најпознатиот македонски дисидент Драган Богдановски во Париз, од каде што прво го донеле во Словенија, наведува Роман Лелјак, познат словенечки публицист, кој подолго време ја истражува работата на тајните југословенски служби, пишува „Дневник“.

Kој даваше налог за вршење ликвидации, киднапирања…?

– Службата на државната безбедност секогаш мораше претходно да ја добие согласноста на Централниот комитет на Сојузот на комунистите на тие републики од кои потекнуваа екстремните емигранти. Ако, на пример, се работело за акцијата против Драган Богдановски во Франција, тогаш морало да има одобрение на шефот на македонската УДБА, шефот на ЦK на СKМ и на шефот на Сојузната југословенска УДБА во Белград.

Kонкретно, кој ги извршуваше акциите на теренот?

– За акциите се употребувала посебна група. Постоел конкретен правилник за „Група А“, составена од посебно селектираните припадници на УДБА. Таа група ги имаше сите овластувања да врши убиства, киднапирања и сè друго. Нејзиното седиште беше во Љубљана и таа оттаму дејствуваше. Поради тоа, ако се сеќавате, и Драган Богдановски по киднапирањето беше прво донесен во Љубљана, а потоа префлен понатаму.

Самата „Група А“ беше составена најмногу од припадници на словенечката УДБА, но во нејзиниот состав можеа да влезат и припадници од други југословенски републики. Нејзините членови мораа да имаат високо образование и да знаат странски јазици. Kога била формирана во 1969 година таа имала 17 службеници, а на крајот, во 1989 година, до распадот на Југославија – 45.Што откривте во случајот на Драган Богдановски?

– Посебно сакам да зборувам за македонската емиграција која работела под надзорот на СДБ, како и за следењето на Македонската православна црква. И за тоа најдов документи во Љубљана и во Белград. Има околу 100 документи поврзани за тие акции. „Група А“ во 1977 година добила задача да го киднапира Богдановски и за тоа се подготвувала еден месец. Биле ангажирани 12 словенечки службеници, кои, пак, ги ангажирале своите соработници во Париз. Дошле и тројца припадници на СДБ на Македонија и тие, исто така, употребиле свои француски соработници. Потоа ја спровеле акцијата, го киднапирале и го префрлиле во Југославија.

Се знае ли нешто за случајот со Благој Шамбевски?

– Тој случај ми е познат, но не сум го третирал посебно и во детали.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top