| четврток, 6 декември 2018 |

Швајцарија бара измени на слободното движење со ЕУ

svajcarijaШвајцарија денеска ја информира Европската унија дека ќе побара измени во билатералната спогодба за слободно движење на луѓето, која е неспоива со швајцарскиот Устав по референдумот за миграцијата од 9 февруари.

Според соопштение на Федералната служба за миграција во Берн, информацијата на ЕУ и била пренесена за време на 14-ата годишна средба во Брисел на заедничкиот комитет ЕУ-Швајцарија за слободното движење на луѓето.

Берн своите конкретни предлози на ЕУ ќе и ги претстави пред сезоната на одмори.

Швајцарската делегација на годишната средба ја претстави соддржината на новите уставни одредби за миграцијата, што произлегуваат од референдумот од 9 февруари и објасни какви се последиците за билатералната спогодба. На средбата биле разгледани и други слични теми, поврзани со слободното движење, вклучувајќи го и продолжувањето на привремените одобренија на мигрантите, како  и взаемното признавање на дипломите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top