| четврток, 6 декември 2018 |

Ураганот Кристина се засили во невреме од четврта категорија

фото: ЕПА

фото: ЕПА

Ураганот Кристина, што беснее на пацифичкиот брег на Мексико, за само неколку часа се засили од невреме од трета во четврта категорија , соопшти денеска американскиот Национален центар за урагани.

Силниот ветар на ураганот достигна брзина од околу 230 километри на час, а, според прогнозите, во центарот за урагани невремето во текот на денот може уште повеќе да се засили, по што може да почне да слабее дури вечерва.

Жариштето на ураганот во моментов се наоѓа на околу 400 километри југозападно од Манзанил и се движи во правец запад-северозапад. с

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top