| четврток, 6 декември 2018 |

Не дозволувајте монотонијата да ве убие, оживеете ја врската

seks

Монотоноста ги убива врските. Постои љубов, нема динамика. Секој ден иста шема, сексот е како по протокол… Дали е време за крај?! Далеку од тоа… Дали ќе му дозволите да го ѕирне вашиот нов секси-градник од тантела или пак ќе имитирате чекорите од танцот во филмот „Валкан танц“, овие глупави потези дефинитивно ќе ве зближат како двојка…
И шегувањето има изненадувачки романтични нус-појави. Шегата и разиграноста ќе ги разбудат вашите емоции, ќе се чувствувате возбудено, а вашата врска ќе ви изгледа многу посилна. Еве неколку предлози како да ја оживеете вашата врска… тие нека ви бидат само потиик за нови идеи…

  • 1. Цел ден низ дома одете само по гаќички.
  • 2. Оставете секси-порака во вашиот туш, на пример „По работа, се наоѓаме тука“.
  • 3. Купете си еден на друг облека за вечерно излегување.
  • 4. Од време на време играјте покер на соблекување.
  • 5. Кога не гледа никој, плеснете го по задникот.
  • 6. Туширајте се заедно, измијте му ги телото и косата, а потоа препуштете му се.
  • 7. Ставете си лажна тетоважа од внатрешната страна на бедрото и речете му да ја пронајде.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top