| четврток, 6 декември 2018 |

Владината мерка дава резултати: За три месеци се вработиле 2.000 млади лица

agencija-za-vrabotuvanje-520x238
Работодавците покажуваат голем интерес за владината мерка за вработување млади до 29 години. За само три месеци од почетокот се вработени околу 2.000 млади лица. Агенцијата за вработување примила 2.076 поднесоци од вкупно 1.272 работодавци, пишува Економски.мк.

Каков е интересот за вработување на младите покажуваат официјалните податоци на Агенцијата според кои дневно дваесетина лица добиваат работа во согласност со оваа владина мерка.

Мерката предвидува за секое нововработено младо лице до 29 години, државата да ги намирува трошоците за придонеси и за даноци за период од една година.

– Ги охрабруваме сите бизнисмени, целиот приватен сектор да ја искористат мерката затоа што на тој начин доаѓаат до значително заштедување, нивните трошоци ќе се намалат за околу 30 отсто, а од друга страна со ангажирање на млад, стручен, квалификуван кадар се придонесува за развој на нивната дејност и за подобрување на деловните резултати – вели владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев.

Мерката важи за приватниот сектор, работодавците што вработуваат лице до 29 години со целосно работно време имаат попуст од вкупно 37 отсто или:

– 27 отсто по основа на социјалните придонеси

– 10 отсто по основа на персонален данок на доход.

За возврат, имаат обврска работникот да го задржат на работа две години.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top