| четврток, 6 декември 2018 |

Згодни и невини

Иако може звучи неверојатно, некои холивудски ѕвезди одлучиле да апстинираат од секс пред брак. Некои од нив пак, кои веќе имале секс со партнери, ги оставиле на „пост“ новите партнери се до изговарањето на судбоносното ДА.

mariahcarey

Мараја Кери

Пејачката за 32 годишниот Ник Канон се омажила во април 2008 година. Решила првиот секс со него да го има дури по венчањето.
-Ник и јас веруваме во исти работи, поради што заклучивме дека ќе почекаме за секс се додека не се венчаме – изјави тогаш музичката дива.

Adriana Lima and Daughter Valentina Get Special Daddy Time with Marko Jaric!

Андријана Лима

Српската снашка Адријана Лима изјави дека немала секс пред брак. Бразилската манекенка и ангел на Викторија Сикрет пред седум години во едно интервју рече дека е девица и дека ќе остане се додека не го најде мажот на нејзиниот живот. Не мораше долго да чека, затоа што три години потоа се омажи за кошаркарот Марко Јариќ со кој денес има две деца.

2010 Primetime Emmy Awards Arrivals in Los Angeles

Тина Феј

Американската комичарка во 2010 година изјави дека се воздржувала од секс се до својата 24 година кога го запозна сегашниот сопруг Џеф Ричмонд.

JessicaSimpson

Џесика Симпсон

Пејаката уште на 12 годишна возраст одлучила дека ќе остане девица додека не застане пред олтар.  Невиноста ја загубила по свадбата во 2002 година, по што започна со своите разголени настапи.

alilandry

Али Ландро

Поранешната мисица на САД, моделот и актерката Али Ландро во март 2012. откри дека со нејзиниот сопруг Алехандро Монтеверде првпат имале секс по нивната венчавка во април 2006 година.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top