Кредитната задолженост на граѓаните на Србија од почетокот на годината до крајот на мај се зголемила за над 11 милијарди динари (95 милиони евра) и изнесувала 627,41 милијарди динари (5,6 милијарди евра), покажаа податоци на Здружението на банки на Србија (УБС).
Во првите пет месеци од годинава, долгот на граѓаните за станбени кредити се зголемил за околу 2,5 милијарди динари (22 милиони евра), додека во истиот период задолженоста на граѓаните најмногу се зголемила врз основа на кредититево готово – за околу седум милијарди динари (60 милиони евра), наведено е на веб-сајтот на УБС.
Во исто време, според податоците на Здружението на банки на Србија, доцнењето во отплатата на кредити, исто така, расте. Така во првите пет месеци од 2014 година зачестува доцнењето во отплатата подолго од 60 дена.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


