| четврток, 6 декември 2018 |

Највозбудени сме во јуни

Во тек е месецот во кој човечката страст е на својот врв. Надвор е сончево и топло, луѓето се во подобро расположение, а тоа се должи и на тоа што носиме помалку облека, а преку потта ни се ослободуваат феромони.

Дека токму јуни нѐ тера најмногу да размислуваме на секс, потврдуваат бројни студии според чии податоци најголемата продажба на кондоми е токму овој месец, кога и најчесто доаѓа до зачнување деца. Во овој период доаѓа и до зголемување на сексуалнопреносливите болести.

По јуни, најпопуларниот месец за секс е декември. Дали имате постојан партнер или не е сосема неважна информација за ова прашање, бидејќи и слободните и среќно вљубените се подеднакво сексуално расположени.

Друго истражување покажа дека голем број млади луѓе го имаат првото сексуално искуство баш во овој месец, се зголемува и на пријави на веб-сајтовите за запознавање, а во јуни на „Гугл“ има најмногу пребарувања на зборови поврзани со сексот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top