Хаос на синоќешната трка од НАСКАР-серијата што се возеше во Дејтона. Автомобилот на дебитантот Кајл Ларсон се запали, по што летна во воздухот. Ја турна заштитната ограда. Делови завршија меѓу фановите на централната трибина. Огромна среќа е што повредите со кои се здоби возачот, но и фановите во публиката, не беа кобни за нивните животи. Петнаесет лица завршиле во болница, на голем дел им е укажана помош на трибините.
– Ова беше сериозна несреќа, но постапивме според сите протоколи за безбедност, крај повредените експресно имаше медицински персонал за да им помогне – вели претседателот на патеката во Дејтона, Џои Читвуд.
Победник на оваа трка е Тони Стјуарт.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.