
Американската актерка Сандра Булок на прашањето на новинарите дали е во врска со нејзиниот 17 години помлад колега Крис Еванс, шеговито изјави:
– Малку задоцнивте. Бевме во врска додека не се венчавме, а сега поднесовме барање за развод и се надевам дека сите ќе ја почитувате нашата приватност. Ќе ги поделиме одговорностите за фармата за животни, која ја купивме заедно затоа што нема да ги отфрлиме тие животни.
И покрај саркастичната изјава на Сандра, актерката (49) и Крис Еванс (32), најпознат по улогата на „Капетан на Америка“ во истоимениот филм, неколку пати се видени како уживаат во романтична вечера.
И самиот Крис има изјавено дека бил вљубен во Сандра Булок како мал и дека нејзиниот постер го чувал на ѕидот кога бил во седмо одделение.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


