| четврток, 6 декември 2018 |

Бритни и Кристина Агилера во скандал со дрога

Полицијата во Њујорк открила голема наркомрежа, каде што во центарот на случувањата ни криви ни должни се нашле популарните пејачки Кристина Агилера и Бритни Спирс.

Њујоршката полиција додека ги прислушувала телефоните на наркодилерите заклучила дека во меѓусебната комуникација користат чудни кодови за одредени видови наркотици.

Така што шифрата за испорака на крек била Бритни Спирс, додека за кокаин била Кристина Агилера.

Моментално 25 лица се под обвинение за трговија со дрога, а познатите пејачки останаа и натаму молчилави во врска со користењето на нивните имиња во скандалот со дрога.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top