Организацискиот секретар на приштинскиот разгранок на движењето „Самоопределување“ синоќа се самоуби фрлајќи се од шестиот кат на зграда во близина на болницата во Приштина, јавија косовските медиуми.
Од полицијата изјавиле дека случајот сѐ уште не може да го затворат и оти го чекаат обдукцискиот наод. Неговата партија изрази жалење за трагедијата и длабоко сочувство кон неговото семејство. Тој на партиската функција бил од 2012 година.
Семејството Дехари по потекло е од Куманово.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



