Проектот на УСАИД за општински стратегии за климатски промени кој го спроведува Милиеуконтакт Македонија ja најавува кампањата посветена на климатските промени во четири општини каде се спроведува овој проект. Целта на оваа кампања, чиј почеток беше означен во центарот на општина Кривогаштани, е да ја подигне свеста кај граѓаните за постоењето и влијанието на климатските промени пред се – во нивните општини.
Кампањата која ќе спроведе во општините Кривогаштани, Теарце, Богданци и Пехчево е замислена е да биде од едукативен карактер, односно еден вид вовед во поимот „климатски промени“.
„Што претставуваат климатските промени?“, „Кои се нивните влијанија?“, „ Кои се начините за нивно ублажување?“, „Што можам јас како поединец да сторам во мојата општина?“ итн.
Поедноставно кажано: „Климатски промени – за почетници”.
Горенабројаните четири општини се првите општини кои во Македонија благодарение на Проектот на УСАИД за општински стратегии за климатски промени изработија општински стратегии за адаптација и митигација со климатските промени.
Пред граѓаните исто така ќе биде така ќе биде презентиран и Методот на Зелена Агенда кој е столб на Проектот на УСАИД за општински стратегии за климатски промени.
Методот на Зелена Агенда е партиципативен метод на креирање и имплементирање на локални развојни стратегии и планови, со активно вклучување на различни сектори во локалната заедница каде што се спроведува процесот.
Во споредбa со други процеси кои имаат слична цел, Зелената Агенда се разликува во најмалку три аспекти: процесот започнува со идентификување на локални вредности наместо проблеми; учествотото во процесот не е ограничено, на експертско ниво или на одредени групи на чинители, туку е отворен за сите; процесот и резултатите потекнуваат и се сопственост на локалното население.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Повлечени 10 проекти од Годишната програма за култура
-
ВМРО-ДПМНЕ: Економските политики на Владата се покажаа како погубни за македонската економија и бизнис секторот
-
Климатските промени може да влијаат на приливот на мигранти
-
УМС на ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните од СДС и Алаѓозовски очекуваат да реализираат проекти во областа на културата, а ние ќе ве потсетуваме цело време на нив


