Деспот Враниќ, кој ја зави Србија во црно, „летајќи“ со своето „ауди“ со брзина од 160 километри, при што однесе во смрт три млади животи, според податоците на српскиот „Ало“, освен што возел со трипати поголема брзина од дозволеното, имал и 1,341 промили алкохол во крвта вечерта кога се случи кобната несреќа.
Младото момче кое ги усмрти Александар, Владица и Милица во судот во Нови Сад се бранеше со молчење бидејќи, како што пренесува српскиот портал „Ало“, не можел да зборува од силните болки кои ги трпел. Инаку, тој се здобил со повреди на окото, колкот, поради што не може да ја движи десната нога.
Обвинителството предложи домашен притвор, а за делото кое го направи на младото момче му се закануваат и до 10 години затвор.
За потсетување, вчера Србија беше скршена од болка и тага и се прости од студентите кои отидоа заедно во смрт. Несреќата се случи викендов кога Враниќ возејќи со 160 километри на час, со своето „ауди“, удри во автомобилот на Александар, Владица и Милица, при што, за жал, тие починаа на самото место.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



