Кога Линдалва Дасилва влегла во 24 недела од бременоста добила контракции и почнала да се породува. Лекарите се обиделе да ги сопрат контракциите, но немало успех во тоа.
Д-р Сабрина Крајго, шеф на одделот за Мајчинска фетална медицина, ја информирала за можноста да го роди едниот близнак, а другиот да се задржи во стомакот ако тоа го дозволуваат условите на породувањето.
Дасилва мислела дека тоа е апсурдно и рекла не.
– Мислев дека тоа е невозможно – рекла мајката.
Одложените породувања се екстремно ретки и носат ризик од инфекција. Може да се извршат само во случај кога бебињата не делат иста плацента и доколку контракциите се забават по раѓањето на првиот близнак.
За среќа, откако се родил синот Александар на 27 фебруари, породувањето забавило. На Дасилва ѝ дале антибиотици, додека Александар се борел за живот на Одделот за интезивна нега.
– Докторите ни рекоа дека е добар, дека неговото срце чука добро. Тогаш почнавме да се молиме – вели таткото.
По 24 дена се родил вториот близнак Роналдо. Докторката која се грижела за породувањата вели дека за две декади имала помалку од 10 одложени породувања и никогаш со толкава разлика во времето меѓу нивното раѓање, придружено со позитивен исход за двете бебиња.
Близнаците се родени дури и во различни годишни времиња, едниот е роден во зима, а другиот на пролет.
Тие сѐ уште се во болница, а се очекува да ги пуштат дома на официјалниот термин за породување – на 18 јуни.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Откријте го својот број на раѓање: Четворката се мачи околу сѐ, седмицата ни на небо, ни на земја!
-
Ова се првите фотографии на близнаците на Енрике Иглесијас и Ана Курникова
-
Славниот говорник Ник Вујичиќ, човекот роден без раце и нозе, доби близнаци
-
Исповед : Ќе ми раѓаш се додека не ми родиш машко!



