Шефот на македонската дипломатија Никола Попоски, во рамки на посетата на Обединетото Кралство, се сретна со претседавачот на Комитетот за ЕУ при Домот на лордовите во британскиот Парламент, лордот Босвел, како и со претставници на парламентарната група за Македонија при Долниот дом на Парламентот.
Како што соопшти МНР, на состаноците со британските парламентарци Попоски ги презентирал приоритетите на новата Влада, евроатлантските перспективи на земјата и разговараше за можностите за продлабочување на парламентарната соработка меѓу двете земји. На состаноците беше потврдена британската поддршка на европската агенда на земјата.
Во агендатата на Попоски е и предавање во престижниот London School of Economics, посветено на економските реформи на земјата во контекст на евроатлантските перспективи на регионот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


