| четврток, 6 декември 2018 |

Американска мисица: Јас сум зачната со силување

mis amerika

Валери Гато, мис на Пенсилванија за 2014 година, која се вброи меѓу дваесетте најубави жени во САД откри шокантни детали од својот живот. Гато во изјава за медиумите раскажа дека нејзината мајка остана бремена со неа откако била силувана.

– Кога ќе се родите како резултат на силување не знаете кој ви е татко, не знаете дали некогаш го нашле, најголемиот број тоа би го сметале како несреќна ситуација, вели дваесет и четиригодишната мисица.

miss2

Пораснав со мајка ми и нејзините родители. Тие на мене никогаш не гледаа како на нешто погрешно. Имам семејство кое ми даде многу љубов и поддршка и кое ми кажа дека можам да бидам и претседателка на САД ако тоа го посакам. 

Мисицата од шест годишна возраст почнала да поставува прашања за својот татко, но тогаш мајка и и кажала дека тој нема да биде дел од нејзиниот живот. Се то десеттата година настојувала да дознае нешто за него од мајка си кога та и признала дека била нападната со нож и била силувана, по што била зачната Валери.

– Нешто лошо ми се случи. Еден многу лош човек ме повреди, но Господ ми те даде тебе, и рекла мајка и.

miss3

Мајка и најпрво сакала да ја даде Валери на посвојување за некое друго семејство да и овозможи подобар живот, но останатите членови на семејството тоа не го дозволиле.

– Мислам дека се се случува со причина. Сакам да им кажам на луѓето дека се е можно и дека не смеат да дозволат негативните околности да им го дефинираат животот, вел убавицата.

Валери патува низ САД и разговара со жени на возраст меѓу 18 и 3о години за тоа како да се заштитат од напади и сексуално злоставување.

misss2

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top