| четврток, 6 декември 2018 |

Куманово и Фени не се грижат за петтото место

И Работнички и Струмица загубија во средби од 12. коло во Првата кошаркарска лига, по што скопјани остануваат со предност во пресрет на последните две кола

Во четири наши кошаркарски сали вечерва беа одиграни исклучително важни натпревари за распоредот и пласманот на првите 5 места на табелата кои обезбедуваат настап во Супер лигата.

Тоа особено важи за дуелите во Куманово и во Струмица.

Работнички загуби во Куманово со 83-70, но на скопјани им одговараше што и Струмица дома претрпе пораз од Фени Индустри со 77-76. Во средбите во кои имаше изразити фаворите бодови за Лирија која го победи Вардар со 81-74 и за Кожув од гостувањето кај Пелистер, 82-72.

До крајот на лигата уште само две кола по што петте првопласирани со МЗТ Скопје ќе продолжат во ново двокружно лигашко натпреварување. Решавачки за разврска околу последниот патник ќе биде мечот следната сабота во Скопје меѓу Работнички и Струмица. 

Резултати-12 коло:

Куманово-Работнички 83-70

Струмица-Фени И. 76-77

Вардар-Лирија 74-81

Пелистер-Кожув 72-82

Табела:

Кожув 22

Лирија 21

Фени И. 21

Куманово 19

Работнички 17

Струмица 17

Вардар 14

Пелистер 13

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top