Апел за помош стигна од Обреновец. 12-годишната Милица Живоиновиќ по потекло од Делчево и по еден месец од поплавите се уште не може да се врати дома. Нејизното 5-члено семјество, денес нема покрив над главата, надојдените води им го однеле сето она што три децении го создавале нејзините родители, а го нема веќе ниту нејзиното безгрижно детство, јави телевизија Стар.
Нејзините баба и дедо во Делчево, велат дека по првиот шок и веста дека семејството на ќерката Билјана се спасиле од надојдените води, сега се во ново искушение, нивните внуци нема каде да живеат.
Хуманоста на делчевци, но и на сите во Македонија е повторно на тест, таа треба да му помогне на семејството Живојиновиќ да се врати дома.
Сите што сакаат и можат, помошта нека ја уплатата на С-ка 200002739196960, Стопанска банка, име презиме – Катерина Синдраковска или на С-ка 300057024996841, Комерцијална банка, име презиме – Никола Синдраковски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Тешка сообраќајка на патот Македонска Каменица – Делчево
-
Критична состојбата во касарната во Обреновац: Мигрантите ја нападнале полицијата
-
Крадец фатен на камера во Делчево: Ако некој го препознае нека помогне во истрагата (видео)
-
Трагедија во Делчево: 2-годишно дете и неговите родители загинаа во судир на автомобил со камион (видео)



