| четврток, 6 декември 2018 |

Снегот одложува фудбалски средби во Италија

За сега е преместен мечот Болоња-Фиорентина, но постои можност тоа да се случи на уште неколку стадиони на Апенините

Дуелот од 27. коло во Серија А меѓу Болоња и Фиорентина е одложен поради снег. Тој требаше да се игра утре попладне, но од Италијанската фудбалска федерација соопштија дека поради силните навеви тој е презакажан за вторник.

Засега нема официјален став за другите мечеви иако постои најава дека може да биде одложен и дуелот на Парма и Катанија, но тоа ќе зависи и од вечерашните врнежи на снег во северната област Емилија Ромања.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top