Според кажувањата на неговите најблиски, Тони Гулевски вчера го пуштил базенот кој го градеше во селото Братиндол каде изгради вила и каде се одржуваат мототрките. Потоа тој заминал во селото Сливница, Ресенско каде требало да се сретне со некој негов пријател од Австралија, каде што Тони Гулевски долги години живееше, пишува Нова Македонија.
По средбата во Сливница Тони се јавил дома кај неговиот татко, Стојко, инаку познат бербер во Битола, кој неодамна се врати од Австралија во Битола да ги помине пензионерските денови и му рекол дека за половина час ќе стигне во Битола. Но на враќање кај селото Ѓавато, на патот Битола- Ресен изгубил контрола над моторот, марка “ Дукати “ и удрил во мерцедесот со вевчански регистерски таблички, со кој управувал возачот Б.Б(45).
Ударот во мерцедесот бил страшен и Тони загинал на самото место на несреќата, здобивајќи тешки телесни повреди. Инаку Тони Гулевски беше голем љубител на мотоспортот. Тој во Битола беше единствен спонзор на клубот “ЛДТ” кој го носеше името на неговиот фризерски салон. Неговиот син, Никола Гулевски е трикратен првак на Македонија во класата на мотори “МХ 1”и носител на златната кацига.
Засега обдукцијата сеуште не е завршена за да се знае точно како дошло до несреќата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


