| четврток, 6 декември 2018 |

Ван Перси се судри со камера

Нема официјани вести за повредата која го принуди да го напушти мечот со КПР, но првичните велат дека голгетерот ќе игра против Реал Мадрид во ЛШ

Робин Ван Перси на бизарен начин се здоби со повреда за која се уште нема информации дали ќе остави последици кај напаѓачот. Имено обидувајќи се да стаса топка во денешниот дуел на неговиот Манчестер Јунајтед кај Квинс Парк Ренџерс, холанѓанецот се судри со една од камерите поставени крај аут линијата, по што се пожали на болки во грбот и веднаш беше изваден од игра.

Јунајтед славеше во Лондон со 2-0 и сега има 15 бодови повеќе од Сити.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top