| четврток, 6 декември 2018 |

Заменик претседателот на ЕП тешко повреден во сообраќајка

Заменик претседателот на Европскиот парламент Александер Алваро е тешко повреден во сообраќајна несреќа што се случила во западна Германија, соопшти портпаролот на групата на Европски либерали АЛДЕ.

Информацијата ја потврди и претседателот на Европскиот парламент Мартин Шулц.

– Известен сум за тешката несреќа во која е повреден Алваро и шокиран сум од веста. Во свое и во име на колегите од Европскиот парламент му посакувам брзо и целосно закрепнување, изјавил претседателот на ЕП Мартин Шулц.

За сега нема информации за причините за несреќата. Алваро е член на германската партија Слободни демократи.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top