27-годишната Флориса Леонида на светската спортска јавност ѝ е позната како успешна романска гимнастичарка, која својата земја ја претставувала на многубројни меѓународни натпреварувања, меѓу кои и светски и европски првенства на кои освоила сребрени медали.
Но, пред две години е откриена нејзината мрачна страна од животот, која е сосема непозната и шокантна за јавноста.
Атрактивната гимнастичарка престанала да се занимава со спортот затоа што од него не можела да живее. Романските медиуми пишуваат дека Флориса нашла начин за многу полесно заработување приклучувајќи се во синџирот на елитна проституција. Кратко време се преселила во Германија, а потоа се стационирала во Австрија. Во моментот работи во еден виенски бордел Саша Баун.
Според нејзината приказна, која и ја раскажала неодамна на своја блиска пријателка, за само една ноќ заработува 1200 евра. Најчесто во текот на една ноќ имала 5-6 клиенти, а преку ден се одмора и посетува солариум. Одвреме-навреме оди и на службени патувања во Линз и во Вилах. Таа открила дека една половина од парите им ги праќа на своите роднини во Романија, а другиот дел го троши за живот во Виена.
– Морам некако да спојам крај со крај, работам затоа што мора да се работи – раскажала на својата пријателка, а тоа го пренеле романските медиуми. Нејзиниот нов идентитет претходно го разоткрил еден нејзин потенцијален клиент, кој ја фотографирал и ја ставил на веб-страницата на борделот во Австрија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.