| четврток, 6 декември 2018 |

Министерот Попоски на самит во Лондон со Анџелина Џоли

Nikola-poposki-4

Министерот за надворешни работи Никола Попоски престојува во три дневна работна посета на Лондон каде ќе учествува на Глобалниот самит за запирање на сексуалното насилство за време на конфликт, на кој ќе присуствуваат државници и високи претставници од над 100 држави во светот.

Домаќини на Самитот се шефот на британската дипломатија Вилијам Хејг и специјалниот пратеник на високиот комесар за бегалци на ОН, Анџелина Џоли. Министерот Попоски ќе има свое обраќање во министерскиот дијалог насловен како „Постигнување напредок преку учество на жените“.

Во рамки на посетата на Обединетото Кралство, Попоски ќе оствари средби со британскиот министер за Европа, Дејвид Лидингтон, со претседавачот на ЕУ-комитетот при Горниот дом на Парламентот, лордот Босвел, како и со Карен Лумли, која ја предводи парламентарната група за Македонија во Долниот дом на Парламентот.

Министерот Попоски ќе одржи и предавање во престижниот London School of Economics, посветено на економските реформи на Република Македонија во контекст на евроатлантските перспективи на земјата и на регионот. 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top