| четврток, 6 декември 2018 |

Скубе најдобар во велесламот на Шара

Матиц Скубе од Словенија, ја оправда фаворитската улога и победи на денешниот велеслалом, на 40. издание на Шарпланинскиот куп. Со време од две минути, 5 секунди и 58 стотинки, Скубе мина прв низ целта, пред сонародникот Миха Кернер, кој доцнеше 76 стотинки. Третопласиран е Никола Чонгаров од Бугарија.

Од македонските претставници, најдобар пласман оствари Дехари на 12. позиција, а Ристевски беше веднаш до него, за едно место послаборангиран.

Утре ќе се вози слаломот, по  што ќе биде познат севкупниот победник на Шарпланинскиот куп за 2013 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top