| четврток, 6 декември 2018 |

Гиленхал и Мекадамс – нов холивудски пар

Актерот Џејк Гиленхал и актеркаta Рејчел Мекадамс, наводно, се новиот холивудски пар. Тие неколку пати се уловени заедно, а извори за американскиот трач-сајт „Pagesix“ велат дека тие изгледаат навистина блиско.

Џејк и Рејчел заедно се видени неодамна во кафулето во Медисон Сквер Гарден, пред да го гледаат бокс натпреварот наМигел Кото и Серхио Мартинез.

– Тие дојдоа заедно и седеа блиску еден до друг – вели изворот, додавајќи дека изгледале заинтересирано само за нивниот разговор.

Според други гласини Џејк и Рејчел се само добри пријатели кои заедно работат на истражување за новиотт филм Гиленхал, каде ќе има улога на боксер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top