| четврток, 6 декември 2018 |

Давутоглу: Балканските народи како едно семејство

balkan-map

Турскиот министер за надворешни работи Ахмет Давутоглу изјави денеска за време на посетата на Белград дека Анкара е подготвена заедно со Србија да работи за подобра иднина на целиот регион и оти балканските народи се како едно семејство.

Давутоглу разговараше со претседателот на Србија, Томислав Николиќ, премиерот Александар Вучиќ, првиот потпретседател на Владата и шеф на дипломатијата Ивица Дачиќ и со потпретседателот на Владата и министер за трговија, туризам и телекомуникации, Расим Љајиќ.

Вучиќ и Давутоглу констатирале дека односите меѓу Србија и Турција се добри, но дека е потребно да се унапреди економската соработка, а премиерот на Србија ги повика турските бизнисмени да инвестираат во Србија, нудејќи поволни услови за вложување и поволности при вработување нови работници.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top