| четврток, 6 декември 2018 |

Ултимативен секс-водич за мажи на Том Форд

Познатиот дизајнер Том Форд го состави, според него, ултимативниот водич за летен секс за магазинот „GQ“.

Според еден од најубавите мажи на планетата, по избор и на жените и мажите,ова се главните совети за уживање во сексот во жешките летни денови.

1. Природен мирис

Нема потреба од тони дезодоранс или парфем во спалната соба. Природниот мирис е многу секси во овие ситуации.

2. Чисти нокти и без апостолки

Ако сакате да импресионирате една жена никогаш не треба да носите шорцеви и апостолки низ град, бидејќи тоа не е соодветно. Шорцеви треба да се носaт само на плажа или кога спортувате. Што се однесува до моментот кога треба да станете интимни, ако сакате вашите прсти да се плеткаат низ одредени места на нејзиното тело, ноктите мора да бидат средени.

3. Внимателно слушајте

Заборавете на совршените мускули и само слушајте. Кога ќе покажете дека сте доволно присутни во разговорот со друго лице, тоа е многу секси. Со други зборови, оној што ја слуша добро, секогаш го добива она што го сака.

4. Депилација

За изборот на фризурата „таму долу“, одлучете заедно со вашиот партнер.

5. Не постои еден вид на сексапил

За некои луѓе промискуитетот е секси, за некои, пак, тоа е конзервативизмот. Не постои правило за тоа што е секси.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top