Познатата актерка Сандра Булок ја понесе титулата за најсексапилна жена на декадата во рамките на наградата „Гајс чојс“ (Guys Choice Awards), која ја доделува ТВ „Спајк“.
Опкружена со тројца колеги, Хју Грант, Метју Меконахи и Киану Ривс, Сандра се запраша:
– Да, кралица на сексапилот, но на која декада?
– Сакам да се заблагодарам на ова признание. Колку луѓе може да го имаат во раката и да речат – така сум секси? Ова е одлично признание за една 49-годишна жена. Сакам да им се заблагодарам на сите фризери и шминкери што ја создадоа оваа илузија. Не изгледав вака пред неколку часа – рече Булок.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.