Од 20 јуни, пенизонерите и во недела бесплатно ќе се возат во автобусите на Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“. Ова денеска го истакна градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, на отворањето на ревијата песни, музика и игри на пензионерите, која се одржува во Универзална сала во Скопје.
Пензионерите бесплатно ги користат услугите на ЈСП „Скопје“ и во вторник, петок и во сабота.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.