| четврток, 6 декември 2018 |

Илија Димовски ќе го напушти Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

dimovski-5001

Илија Димовски веќе нема да биде директор на Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ, функција што ја извршуваше од есента 2007 година. Димовски се повлекува од старата функција бидејќи со новиот пратенички мандат тој, како координатор, ќе ја предводи пратеничката група на неговата партија и коалицијата во Собранието на Република Македонија.

– Повлекувањето е од професионална причина, практично двете функции не може да се водат одеднаш како што треба – изјави Димовски за „Плусинфо“.

ВМРО-ДПМНЕ веќе има распишано оглас за замена на Димовски. До 30 јуни е рокот до кога може да аплицираат кандидатите. Првиот услов што треба да го исполнат е да се членови на ВМРО-ДПМНЕ. Кандидатот во седиштето на партијата подига прашалник и треба да достави своја биографија, со кандидaтите ќе се извршат разговори и интервјуа, по што ќе следи селекција. Новиот директор на Центарот за комуникации ќе го избере Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top