За основците и за средношколците денеска завршува учебната година. Годинава основното образование го завршува последната генерација осмоодделенци, бидејќи неколку години во нашиот образовен систем е воведена деветолетката.
Денеска е и последниот ден од екстерното тестирање, со опфатени вкупно 189 илјади 37 ученици од четврто одделение до трета година во средно образование, како и 18 илјади 126 наставници во 680 основни и средни училишта.
Утре средношколците што завршуваат четврта година ќе го полагаат вториот предмет странски јазик, во рамките на државната матура, со која е предвидено да се полагаат четири предмети.
Уписите за средно образование се на 23 овој месец.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.