Олимписките спортисти што ќе се натпреваруваат во трките по едрење на Олимписките игри во 2016 година во Бразил би можеле да наидат на многу неочекувани препреки, а досега во заливот каде што ќе се одржуваат трките се пронајдени човечки тела, мртви кучиња и опасен отпад во водата, пишува британски „Индепендент“.
Градоначалникот на Рио де Жанеиро, Едуардо Паес, предупреди дека заливот Гуанабара нема да биде исчистен навреме.
Спортистите што го посетиле заливот згрозени пријавиле дека во водата пронашле парчиња мебел, мртов пес, па дури и човечко тело.
Во заливот дневно се влеваат милиони литри отпадна вода, а Градот изгради посебна плажа за жителите, одвоена од заливот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.