Пет атрактивни девојки ја промовираа новата кампања „Femme fatale“ на производите за депилирање „Вит“ (Veet) низ скопските улици кои за случајните минувачи претставуваа вистинска атракција.
„Femme Fatale„ или во превод „Неодолива жена“, е кампања на светско ниво со која глобалниот бренд број 1 за депилација „Вит“ ги истакнува придобивките од користењето на овој производ, едноставно, брзо и лесно до убави нозе. Производите на „Вит“ се наменети за сите девојки и жени кои водат брз и динамичен начин на живот.
Светскиот бренд на глобално ниво ги поддржува настаните за мода и убавина, а годинава за првпат го организираше настанот „Најубави нозе“, како и фотосесијата со згодните Македонки со која започна едукативната кампања наменета за млади девојки и жени. Несекојдневно во оваа кампања беше тоа што за заштитни лица избрани обични девојки од нашето секојдневие.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.