| четврток, 6 декември 2018 |

Поплавата му донела интерконтинентална балистичка ракета во дворот

truba-1

Само во Русија може поплава да ви донесе во дворот џиновска интерконтинентална балистичка ракета. Или така барем велат блогерите откако голема метална цевка мистериозно се појавила во селото Малоугрениево во регионот Алтај Бијски. Овој регион се наоѓа во јужниот дел од Западен Сибир и во моментов е погоден од големи поплави.

Водата со себе ја носела металната конструкција сè до домот на локалниот сообраќаен полицаец оставајќи ги во недоумица неговите соседи за што, всушност, станува збор.

Веднаш се развиле различни верзии меѓу граѓаните, но меѓу најинтересните е таа дека е некаков дел од ракетите што се лансираат од космодромот во Казахстан „Баиканур“, кои летаат над овој регион. Други, пак, сметаат дека станува збор за деактивирана интерконтинентална балистичка ракета, наводно закопана некаде во близина. Поплавите, наводно, ја откопале и ја донеле во селото, сметаат жителите.

За случајот се заинтересира и руската телевизија РТ, па побара мислење од стручњаци.

Така, професорот од одделот за ракетни мотори Алексеј Јаскин за РТ даде не толку возбудливо објаснување за случајот.

– Со моето долгогодишно искуство работејќи на такви објекти, можам одговорно да тврдам дека ова е празно тело на ракетен мотор, најверојатно оставен од времето на Советскиот Сојуз, во хемиската фабрика „Бијск“. Како празно тело без гориво во него не претставува никаква опасност. Таков резервоар може да се користи во домовите како колектор за вода или контејнер за  складирање – објаснува професорот.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top