| четврток, 6 декември 2018 |

Ова е возачот што покоси три животи со 160 км/ч

soob2

Несовесното управување на автомобилот од страна на 21-годишниот Деспот Враниќ по улиците во Нови Сад однесе три млади животи, а дополнително е стравотно тоа што ова е не му било првпат, туку тој бил познат на полицијата по неговото дивеење по улиците. Тој на интернет дури и се фалел со бесното возење.

soobrakajka belgrad

За Враниќ, кој уби три млади лица со брзина од 160 км на час, се водат три постапки поради пребрзо возење, возење без возачка дозвола и возење во алкохолизирана состојба. Според законите во Србија, тој може да добие најмногу 12 години затвор.

Во несреќата загинаа 20-годишната Владица Матовиќ, 20-годишната Милица Лежимирац и 20-годишниот Александар Мариќ, кои во моментот се враќале од прослава на мала матура.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top