На инцијатива на Форумот на словенски култури, во седиштето на УНЕСКО во Париз, e отворена изложба „Словенски карневали“ на која учествуваа претставници на национални институции од 12 држави, а Република Македонија беше претставувана од НУ Завод и Музеј-Битола. Како што беше соопштено на денешниот прес во Битола, Форумот на словенски култури годинава одбележува 10 години постоење, а во годината на јубилејот со Форумот претседава македонската министерка за култура Елизабета Канческа Милевска.
– Изложбата, во наредните две години ќе биде претставена во Белорусија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Чешка, Црна Гора, Полска, Русија, Романија, Србија, Словачка, Словенија и во Македонија. Нашата држава се претстави со посебен и атрактивен штанд на кој беа изложени фотографии од карневалите во Битола со „Битолските бабари“, во Прилеп со „Прилепските мечкари“, како и настани од Струмичкиот и карневалот во Вевчани, изјави Љиљана Христова, директорка на НУ Завод и Музеј-Битола.
Според Ирена Ружин, програмски директор на НУ Завод и Музеј-Битола, целта на меѓународниот проект била да се претстават различностите и сличностите кај славјанските народи низ обичаите со маски и карневалите.
– Оваа изложба посветена на нешто што го поврзува 300 милионскиот славјански народ ќе биде патувачка изложба од која ќе произлезе и каталог во кој ќе бидат поместени фотографии што ги откупивме или изнајмивме од Наце Попов, Дражен Брачиќ, Ванчо Џамбаски и ФАН-продукција. За публиката во Париз посебно привлечни беа маските-реплики што ги понесовме од Македонија, а ги изработија Нели Ангелова Панова и Наташа Димовска, рече Ружин.
Изложбата „Словенски карневали“ и штандот на битолскиот Музеј го посети и македонскиот амбасадор во Република Франција Агрон Буџаку.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
УНЕСКО ја прогласи реге музиката за културно богатство
-
Охрид СОС реагира: Владата уверува дека охридскиот регион е надвор од опасност, a македонската јавност во мрак
-
СВП и УНЕСКО распишаа конкурс за наградата „Мостови на Струга“
-
Охрид SOS: Истече првиот рок на Комитетот за светско наследство на УНЕСКО