| четврток, 6 декември 2018 |

Турски турист добил 60.000 евра во казино во Будва, но снемало струја и одбиваат да му ги исплатат

Инспекторите на криминалистичката полиција во Будва, вчера почнале истрага за случајот во казиното „Авала“ во Будва, за тоа како дошло до тоа да снема струја. Струја снемало веднаш откако турксиот коцкар кој во Црна Гора допатувал на викенд, добил неверојатна добивка на една од џек-пот машините. Црногорските медиуми јавуваат дека Турчинот дошол со црногорски пријател во казиното во хотелот „Авала“ и одбил да излезе додека не му бидат исплатени парите-60.000 евра колку што добил во моментот кога снемало струја.
Тоа се случило во четири часот по полноќ, кога во казиното имало околу триесеттина лица распоредени на покер слотовите и џек-пот апаратите.Управата на казиното повикала на трпение, тврдејќи дека наското ќе дојде струја и дека е во прашање некаков дефект.
Поголемиот број на гостите го напуштил објектот, но Турчинот кому среќата му се насмевнала непосредно пред да снема струја бил упорен во намерата да си ја наплати добивката.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top