| четврток, 6 декември 2018 |

Вариола вера и понатаму се заканува: Русија и САД не сакаат да ги уништат ампулите од смртоносниот вирус!

Уништувањето на озлогласениот вирус на големи сипаници се подготвува со децении. Вирусот вариола вера само во 20 век однесе 300 милиони животи. Благодарение на акциите за вакцинација, големите сипаници се искоренети уште во 1979 година, но сепак неколку стотини примероци „Вариола вера“ сеуште се живи, а тие залихи на озлогласениот вирус се чуваат во безбедносни услови во Американскиот центар за контрола и превенција на болести во Атланта, како и во рускиот Државен центар за вирологија и биотехнологија во Колтосово, во близина на Новосибирск.
Иако се очекуваше дека кон крајот на мај на 67-то генерално заседание на Светската здравствена организација ќе биде донесен одлуката за конечно уништување на микроорганизмите кои во минатото беа синоним за смрт, тоа не се случи. По жестоката расправа заклучено е дека треба да се продолжи со консултациите за судбината на преостанатите ампули вариола.
Сепак, одлуката за вариола е помалку научна, а повеќе политичка. Иако се согласуваат дека вирусот за големи сипаници треба да се уништи, САД и Русија веќе со децении тврдат дека сеуште не дошло време за нешто такво.
Дека преостанатите залихи од вирусот треба да се уништат смета и Доналд Хендерсон, американски епидемиолог кој ја водеше кампањата на СЗО за глобална вакцинација во 60-тите години. Хендерсон исто така, на повик на југословенските власти во 1972 година помагаше во сузбивањето на епидемијата во Белград и на Косово.
_Ајде да го уништиме вирусот и да завршиме со тоа. Тоа е една од најстрашните болести кои можете да ги замислите, рече неодамна Хендерсон.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top