| четврток, 6 декември 2018 |

Чешка се подготвувала да ја блокира Албанија во ЕУ

Чешка се подготвувала да го блокира кандидатскиот статус за Албанија во Европската унија поради спорот на полудржавниот електроенергетски гигант ЧЕЗ на кој лани му беше одземена лиценцата во таа земја, се дознава од  извори во чешката влада. Овој спор се води пред Меѓународниот арбитражен суд. Европската комисија препорача да и се признае на Албанија статус на земја кандидат за што ќе се решава на самитот на Унијата кон крајот на овој месец. ЧЕЗ бара отштета бидејќи албанскиот дистрибутор на електрична енергија не ја заштити инвестицијата на оваа компанија во вредност од над 100 милиони евра.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top