| четврток, 6 декември 2018 |

Кога реалното шоу ќе ги премине границите

Американската телевизиска куќа „Лајфтајм“ го најави почетокот на ново екстремно реално шоу, со што предизвика бројни критики на јавноста. „Родени во дивината“, всушност, ќе прикажува бремени жени кои се пораѓаат сами во дивината, без ничија помош.

Шоуто се најавува како своевиден одговор на прашањето што се случува кога најлудото искуство, самостоен пораѓај на жената, ќе стане реалност.

И покрај концептот и тематa на шоуто, „Лајфтајм“ објасни дека сите мерки за мерки на претпазливост ќе бидат задоволени, шоуто ќе се снима во непосредна близина на болница, а обучени специјалисти ќе бидат присутни за време на снимањето во случај нешто тргне наопаку. Во шоуто не е дозволено учество на родилки на кои ова им е прва бременост и сите потенцијални учесници ќе мора поминат низа на медицински тестови.

Шоуто предизвика многу контроверзии и критики од јавноста, но и кај гинеколозите.

– Сфаќам дека многу луѓе сакаат да веруваат дека ја величиме важноста на модерната медицина при водењето низ бременоста и породувањето, а тоа е природен процес, но тоа е природен процес кој низ историјата предизвикал небројни животни загуби – вели гинекологот Рон Џикл.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top