| четврток, 6 декември 2018 |

Верување – Гроб на новинар лечи од неплодност

grob

Гробиштата Пер Лашез во Париз се место каде што се закопани многу познати луѓе – Едит Пјаф, Оскар Вајлд, Џим Морисон, Шамполион. Овде почива и францускиот новинар Виктор Ноар, чиј начин на умирање е прикажан на самиот споменик. Бронзената статуа на неговиот гроб стана голема атракција за женските посетители.

Легендата кажува дека лечи неплодност, помага за доживување на оргазам, па дури и обезбедува пронаоѓање на сопруг во рок од година дена. За тоа да се оствари, постои ритуал кој треба да се испочитува. Посетителки од целиот свет се радуваат на бронзената скулптура, која со години е атракција.

Ако сакате статуата да ви помогне треба по редослед да ја бакнете статуата во уста, па да ги протриете панталоните и на крај да ставите цвет во неговиот шешир.

Виктор Ноар е француски новинар од 18-от век. Бил убиен од Пјер Бонапарта, правнукот на императорот Наполеон, откако се обидел да го предизвика на дуел. Според приказната, новинарот имал закажана свадба за наредниот ден. Неговиот гроб помага на суеверните туристки, кои со години се восхитуваат на бронзената.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top