Владица Матовиќ (20), Милица Лежимирац (20) и Александар Мариќ (20) загинаа во стравичната сообраќајна несреќа која се случи во саботата доцна во ноќта, два часа по полноќ во Нови Сад.
Несреќата се случила кога на голфот во кој биле тројцата загинати, а кои се враќале од пет години од полуматура, налетал со огромна брзина автомобил „ауди А8“ со кој пијан управувал Деспот Враниќ (21) .
– „Голфот“ се движеше во правец од булеварот „Цар Лазар“ спрема Лиманскиот пазар. Застанаа на семафорот кај стадионот. Беше црвено. Возачот на аудито во тој момент доаѓаше од Мостот Слобода накај булеварот. Семафорот на кој поминал Враниќ со аудито веќе светел жолто, но и да сакал да закочи не би успеал бидејќи возел со брзина од 160 километри на час. Но, и да бил зелен семафорот тој повторно ќе удрел во голфот бидејќи воопшто не го забележал, барем така велат очевидци за српски „Курир“.
Милица Лежимирац (20), за шест дена требало да слави роденден.
Во семејството на Милица вчера владееше голема тага. Мајката Бранка и братот Владимир немаа сила да зборуваат.
– Кога полицаецот ни заѕвони на вратата, точно знаев дека ќе ми соопшти лоша вест оти имав лошо претчувство. Не можам да верувам дека нашата Милица повеќе ја нема. Наместо на 14 јуни да и славиме роденден ние ја погребуваме, едвај собра сила да каже неколку збора нејзиниот татко Слободан.
Милица беше студент на Природно математичкиот факултет, играше одбојка и беше одбојкарски судија.
Владица Матовиќ (20), не сакала да оди на прославата, 5 години од полуматура.
Нејзината мајка Душанка Матовиќ не може да поверува дека ја изгуби својата ќерка.
– Студираше на Факултетот за технички науки и сите испити ги положи уште пред дадениот рок. И таа вечер се размислуваше дали да излезе да се види со другарите од основното училиште или да го подготвува следниот испит. Одлучила накратко да оди и да ги испочитува. И ете што се случи. Има 8 годишен брат. И нему како и мене ни беше се, наша гордост – вели низ солзи Душанка.
Александар Мариќ (20) остави тројца помлади браќа.
– Во куќата на Александар Мариќ расплакана не дочека неговата баба Добрила Новаков. Мајката Гордана е под седативи.
– Што да ви кажам кога го нема повеќе моето првенче, мојот прв внук. Мојот Цоле заврши во Карловачката гимназија, а желба му беше оваа година да се запише на Академијата за музичка продукција. Една година се подготвуваше за приемниот испит, но не го дочека. Волонтираше во театарот и беше внук кој секоја баба би го посакала. Неговите тројца помлади браќа се во шок, не можеме да ги смириме – вели низ солзи Добрила.
Како што дознава српски „Курир“, возачот на аудито Деспот Враниќ имал 1, 17 промили алкохол во крвта. Возел со 160 километри на час. Беше однесен во Ургентниот центар каде му се констатирани полесни повреди, па е пуштен на домашно лекување.
Враниќ не е задржан во полиција, а против него ќе биде поднесена прекршочна пријава поради возење под дејство на алкохол и возење со преголема брзина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Тажно сведоштво: Поранешен пожарникар ги откри последните зборови на принцезата Дајана (галерија)
-
Тешка сообраќајка на патот кон Блаце (видео)
-
Најмалку 50 лица загинаа во пожарите во Калифорнија
-
Потпретседателот на Парламентот на Србија, Ѓорѓе Миличевиќ во операциона сала, ова е смачканиот автомобил