| четврток, 6 декември 2018 |

Колбас долг 2.029 метри влезе во Гинисовата книга на рекорди

kolbas1
Колбас долг 2.029 метри и тежок 2.300 килограми произведен во Турија, кај општината Србобран, во Република Србија од денеска и официјално се наоѓа во Гинисовата книга на рекорди како најдолг и најтежок колбас во светот. Колбасот бил изработен на „Колбасијадата“ во Турија каде што присустувале и официјални лица од Гинисовата книга на рекорди.
– Вистинска чест е за нас што влеговме во Гиниовата книга. Сите сме пресреќни и горди. Колбасот не само што е најдолг и најтежок, сигурно е и највкусен во светот, во ште се уверија и претставниците на Гинис. Колбасот веќе се продава на метар, по цена од 4,5 евра. Се троши како алва – изјави претседателот на „Колбасијадата“ Мирослав Медуриќ.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top