Истражниот комитет на Русија ќе покрене кривична постапка поради недозволен притвор на руски новинари Андреј Сушенков и Антон Малишев во Украина, најави денеска портпаролот на Кремљ, Владимир Маркин.
Рускиот комитет треба да донесе одлука за отворање кривична постапка за инцидентот во кој беа вклучени двајца репортери на телевизијата „Ѕвезда“ и подоцна во случајот ќе бидат дополнети и обвинувања за употреба на забранети суспстанци и воени методи.
– Веќе е евидентно дека овдека зборуваме за киднапирање руски граѓани што значи и повреда на Женевската конвенција за заштита на цивили во време на војна – изјави Маркин.
Репортерите кои заминале во Украина да известуваат за инаугурацијата на Порошенко беа заробени во близина на Славјанск. Новинарите беа ослободени денеска и се вратија во Русија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.